Украина ќе победи во војната со Русија и нема да отстапи ниту една територија, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски, обраќајќи се на одбележувањето на Денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
„На денот на победата над нацизмот се бориме за нова победа. Патот до неа е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме“, рече Зеленски во писменото обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот лидер наведува дека Украинците се слободен народ кој многупати во историјата се борел за одбрана на својата земја и имал свој „свој пат“.
President of #Ukraine @ZelenskyyUa: “We won then. We will win now, too! And Khreshchatyk will see the parade of victory – the victory of Ukraine. Glory to Ukraine!” pic.twitter.com/339L7s6Faz
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) May 9, 2022