Би-Би-Си: Путин не најави ништо големо

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Во говорот на рускиот претседател Путин по повод Денот на победата немаше големи најави како што се очекуваше.

Но, според Би-Би-Си, во своето обраќање, лидерот на Кремљ повторно се обидел да ја оправда руската инвазија на Украина, велејќи дека НАТО и Украина создаваат неприфатлива закана на руските граници.

„Сепак, повеќето од светот и меѓународните тела како Обединетите нации ја сметаат Русија за агресор, а операцијата на Москва во Украина нелегална инвазија“, пишува Би-Би-Си.

Говорот на Путин беше краток. Тој рече дека Западот се подготвува за руска инвазија, додека Русија секогаш се борела за безбедноста на меѓународната заедница.

„Западот не сакаше да ја слуша Русија, тие имаа други планови“, рече Путин на парадата на Црвениот плоштад во Москва.

НАТО создаваше закана на нашите граници, додаде рускиот претседател.

Слични содржини