269
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Тајван, јавува „Ројтерс“, додавајќи дека се уште нема извештаи за материјална штета.
Земјотресот се случил на длабочина од 27,5 километри со епицентар на источниот брег на Тајван, на половина пат помеѓу брегот на округот Хуалиен и јужниот јапонски остров Јонагуни, соопшти Метеоролошкиот институт.