Калајџиев за потегот на Андреа: Тоа е сувенир и не е баш знаме

од Берта Китинска
289 прегледи

Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето, пишува на Фејсбук професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордан Калајџиев, за вчерашниот настан кој ја вознемири македонската јавност во врска со нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска која го фрли знамето на подот.

-Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини