Неделниот извештај на Фудбалската опсерваторија, која е со седиште во Швајцарија и ги анализира и посочува трендовите врз основа на строга статистика, покажува дека моментално С.Македонија има 92 играчи кои настапуваат во странски првенства. Податоците се за периодот 2017 – 2022 година.
На прво место по фудбалски извоз (логично) е Бразил кој има 1.219 играчи „расфрлани“ низ светот. Второто место го држи Франција со 978 играчи, а трета е Аргентина – со 815 играчи во странство. Топ 5 ја комплетираат Англија со 525 играчи и Германија со 441 играч.
Интересно, во првите десет се и Колумбија (425 играчи), Шпанија (409), Хрватска (400), соседна Србија (379) и Холандија (367).
Што се однесува до другите балкански земји, Босна и Херцеговина има 180 играчи во странство, Грција – 115, Словенија – 113, Црна Гора – 93, Албанија – 54, а на дното се Бугарите со 50 играчи и Косоварите со 46 играчи во странство.
На дното на листата се уште Белорусија, Костарика, Мароко, Молдавија и Јамајка, а последни во рангирањето се Перу, Замбија и Узбекистан.