Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус.

„Се плашам дека „мечките“ имаат прилично силен аргумент за ова, што многу ме загрижува“, изјави Гејтс, цитиран од CNN.

Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.

Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување“, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.

Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.

Слични содржини