Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека само од Украина зависи какви услови ќе дефинира за преговорите со Русија и додаде дека „должност на Европејците е да бидат со Украина“.
„Ќе бидеме таму за да ја обновиме Украина како Европејци, засекогаш“, изјави тој пред Европскиот парламент во Стразбур, пренесува „Ројтерс“.
Европската конференција за иднината на Европа се одржува под покровителство на францускиот претседател и претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.