Путин за Украина: Ако имаше шанса да се реши овој проблем по мирен пат, секако би ја искористиле

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија би ја искористила можноста за мирно решавање на ситуацијата во Украина, но дека немала можност да го стори тоа и изрази уверување дека специјалната воена операција во Украина ќе постигне резултати.

„Ако имаше барем една шанса да се реши овој проблем по мирен пат, секако би ја искористиле таа шанса. Но, тие не ни ја дадоа таа шанса“, рече Путин на средбата со таткото на командантот на баталјонот Спарта, кој загина во Донбас.