Претседателот и премиерот живеат во дивоградби, вели директорот на Катастар

од Берта Китинска
300 прегледи

Директорот на агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев во гостување во емисијата Топ тема на Телма рече дека доколку предметите за легализација на објектите на претседателот и на Владата се во процедура, истите де факто се дивоградби.

„Прво, овие два објекта се објекти од посебен карактер, и таму самата постапка за да се изврши предмер и да се запишат е сосема различна од запишувањето на било кој друг објект. Тоа се објекти, резиденцијални објекти на претседателот, на Владата и на државата, и тие се објекти од прва категорија и за нив, колку што го слушнав директорот на општи и заеднички работи господинот Мирчевски дека постапката е завршена. Ако се подразбира дека постапката е завршена, тоа може да значи дека истите тие можеби добиле решение за легализација или е во постапка на носење на одлука на Влада со која што Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде задолжена врз основа на предмер да се запишат внатрешните површни“, рече Тунџев.

На прашањето дали објектите на претседателот и премиерот се дивоградби, Тунџев рече доколку предметите се во постапка, тие значи дека се уште не се легализирани.

„Во моментов ние намаме запис. Штом кажа директорот на службата на општи и заеднички работи дека е во постапка, треба да ги достават документите“, рече Тунџев.

Слични содржини