198
Американскиот претседател Џозеф Бајден во понеделникот го потпиша Законот за заем за одбрана на демократија за 2022 година, на церемонија во Белата куќа на која присуствуваше првата членка на Конгресот, родена во Украина, републиканката Викторија Спарц.
Законот има за цел да го поедностави процесот на испраќање воена помош за Украина.
Бајден посочи дека потпишува закон што претставува уште една важна алатка во напорите на Вашингтон да ја поддржи владата на Украина и украинскиот народ кој, како што рече, „се бори да ја одбрани својата земја и демократијата во бруталната војна на Путин“, пренесе Си-Ен-Ен.