Јунајтед тргнува по дефанзивец на Ајнтрахт

од Vladimir Zorba
260 прегледи

На Манчестер Јунајтед му се допаѓа дефанзивецот на Ајнтрахт (Франкфурт) Еван Н’Дика. 22-годишниот Французин има одлична сезона со германскиот тим и е во срцето на пласманот на тимот во финалето на Лига Европа. Ова го привлече вниманието на големите гиганти, а прв во низата е Манчестер Јунајтед, изјави експертот за трансфери Екрем Конур.

Според неговите информации, од „Олд Трафорд“ веќе контактирале со претставници на Н’Дика за да го изразат својот интерес за него. Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе имаат конкуренција за неговиот потпис, бидејќи дефанзивецот во зима се поврзуваше со интерес од Њукасл, а и француски Марсеј будно ја следи ситуацијата околу него.

Н’Дика е дете на Оксер, но во 2018 година беше привлечен од Ајнтрахт за 5,5 милиони евра со петгодишен договор. За тимот од Франкфурт досега има 95 натпревари и 5 гола.

Во моментов неговата пазарна цена се движи меѓу 25 и 30 милиони евра.