Бајден загрижен: Путин нема излезна стратегија од војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост бидејќи, како што рече, рускиот претседател Владимир Путин нема стратегија за излез од украинската војна и во таа смисла Бајден се обидува да сфати што да направи.

Говорејќи на политичкиот собир во предградијата на Вашингтон каде се собираа парични донации, Бајден рече дека Путин погрешно верувал дека инвазијата на Украина ќе ги растури НАТО и Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Бајден оцени дека Путин е многу пресметан човек и дека проблемот за кој сега е загрижен е што рускиот лидер „во моментов нема излез“.

„Се обидувам да сфатам што да направам во врска со тоа“, рече Бајден.

Слични содржини