233
Преку 60 закони се закочени во Собранието преку комисиите каде што и досега ја правеа истата блокада со долги процедурални доскусии, вели Дарко Каевски, пратеник од СДСМ, за Утрински брифинг во врска со болкадата на опозицијата.
Тој најавува дека сите закони кои се важни за граѓаните ќе бидат ставени на дневен ред на комисиите.
-Ние се наоѓаме во една тешка ситуација, кога решаваме кризи и проблемот со Бугарија, па дома би требало да имаме помирна атмосфера. Затоа велиме дека нема да се движиме според уцените на опозицијата, сега не е време за избори и избори ќе се одржат на време, вели Каевски.