Состојки:
12 листови тестенини за лазањи
лажица маслиново масло
кромид
3 чешниња лук
лажица сушено оригано
500 гр мелено говедско месо
1400 гр доматно пире
сол, бибер
чаша вода или супа
половина чаша црвено вино
грст свеж магдонос
неколку листови босилек
шолја рендан пармезан
400 гр сирење
Подготовка:
Прво направете го болоњезе сосот. Во поголемо тенџере загрејте го маслиновото масло, додадете го исечканиот кромид, по неколку минути додадете го ориганото и лукот, а потоа и меленото месо.
Кога месото ќе се испржи, додадете доматно пире, супа, вино, сол и бибер. Кога сосот ќе зоврие, намалете ја топлината и варете час до час и половина, а на крај додадете ги магдоносот и босилекот.
Сосот не треба да биде редок или густ. Во меѓувреме, подгответе ги тестенините, исцедете ги и посипете ги со масло за да не се залепат. Загрејте ја рерната на 190 степени и подгответе ја тавата.
Во него рамномерно наредете го болоњезе сосот, тестенините, сирењето, пармезанот и моцарелата и така три пати. Печете ги лазањите 40 минути, посипете ги со свеж босилек и послужете.