Косово бара екстрадиција на дел од осудените за Диво Насеље

од Берта Китинска
409 прегледи

Ќе биде реагирано доколку се утврди дека осудените за настаните во Диво Насеље кои штрајкуваат со глад, не ги добиваат правата што им следуваат со закон, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица. Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано – рече Тупачевски.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции – рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.