348
Состојки:
четири јајца
150 гр шеќер
1 dl масло
1 дл јогурт
170 гр брашно
половина кесичка прашок за пециво
350 гр замрзнато шумско овошје
шеќер во прав за посипување
Изматете ги белките. Изматете ги жолчките со шеќерот, па измешајте ги во белките. Додадете јогурт, масло, брашно и прашок за пециво. Промешајте.
Смесата истурете ја во подмачкана тава, а одозгора наредете ги шумските плодови кои претходно сте ги одмрзнале.
Колачот се пече околу половина час на 200 степени. Кога малку ќе се олади, исечете го колачот на коцки и посипете со шеќер во прав, па послужете.