Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан со намера да го финализира предлогот на Европската унија за забрана на увозот на руска нафта, а во рамките на шестиот пакет санкции против Русија, соопшти денеска француската претседателска палата.
„Постојат контакти на сите нивоа за да се обезбеди општ договор за шестиот пакет“, изјави неименуван функционер од Елисејската палата, пренесе „Ројтерс“.
Меѓу 27-те земји-членки на ЕУ, Унгарија е најгласниот критичар на планираното ембарго на руската нафта, додава агенцијата.