Сити потврди: Халанд доаѓа на „Етихад“!

од Nikola Popovski
328 прегледи

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска потврди дека ја активирал клаузулата и дека Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд ќе премине на „Етихад“.

Деталите не се објавено, но најважното е објавено на клупската веб-страница – Сити постигна договор, поточно активираше клаузула која треба да биде меѓу 60 и 70 милиони евра.

Сите други детали се очекуваат наскоро, Халанд ќе потпише богат договор, но тој нема да биде најплатен во тимот, бидејќи број еден ќе остане капитенот Кевин Де Брујн.

Халанд во новиот клуб доаѓа од 1 јули, а на Пеп Гвардиола на тој начин му е исполнета уште една голема желба.

Слични содржини