УЕФА донесе одлука за промена на форматот во елитниот ранг на европското фудбалско натпреварување.
Двете најголеми промени се зголемувањето на бројот на клубови од 32 на 36 и самиот систем на натпреварување.
Од четирите нови места, едно место ќе и припадне на петтата лига на листата на УЕФА.
Второто место е резервирано за „шампионскиот пат“ на квалификациите. Досега четворица шампиони стигнуваа во групите преку тие квалификации, сега ќе бидат пет.
Последните две места ќе им припаднат на лигите кои минатата сезона освоија најмногу бодови на ранг-листата на УЕФА.
⚽ The #UEFAExCo has approved the final format and access list for UEFA club competitions from the 2024/25 season.
✅ No more access granted based on club coefficients.
✅ Eight matches instead of ten in the new league phase.
Full details: ⬇️#UCL #UEL #UECL
— UEFA (@UEFA) May 10, 2022
Сите 36 клуба ќе бидат рангирани на една табела. Нема секој да игра со секого, но секој клуб ќе одигра осум натпревари против различни екипи, четири дома и четири на гости, во лигашкиот дел од натпреварувањето. Клубовите ќе бидат распределени по шешири за да имаат изедначени противници. Тие осум кола ќе се играат во 10 „европски недели“. Две ќе бидат резервирани само за Лига Европа и Конференциска лига.
Првите осум екипи автоматски би добиле билет за осминафиналето, додека клубовите од 9. до 24. место би се бореле во плеј-офот за осминафиналето.
Исто така, земјите ќе бидат ограничени на најмногу пет клуба од една лига.
Истите измени ќе важат и за Лигата на Европа и Лигата на конференции, кои исто така ќе имаат 36 екипи во својата конкуренција.
Овие промени ќе стапат на сила во сезоната 2024/25.