Бугарија од јуни ќе почне да добива испораки на течен природен гас од САД по цени пониски од оние на „Газпром“, објави прес-центарот на Советот на министри.
Договорот е постигнат за време на посетата на премиерот Кирил Петков на САД.
Петков разговарал со американскиот потпретседател Камала Харис, а главните теми на разговор се поврзани со војната во Украина и енергетската безбедност на Европа.
Ова што се случува во Европа е јасен знак за потребата од забрзани и реални мерки во енергетската сфера, изјавил бугарскиот премиер на разговорите во Вашингтон.
„Партнерството со САД е важен дел од независноста на Бугарија за гас, заедно со солидарноста на Европската унија“, додал тој.
Претходно во текот на денот, премиерот разговарал и со државниот секретар Ентони Блинкен во Стејт департментот. Двајцата разговарале за можностите за партнерство со САД за енергетска диверзификација на Бугарија и регионот. Петков и Блинкен ја коментирале и модернизацијата на бугарските вооружени сили, како и стабилноста и развојот на Западен Балкан.
„Газпром“ на крајот на април ја прекина испораката на течен природен гас за Бугарија поради нашето несогласување да го исполниме барањето за плаќање во рубљи. Шемата крие многу ризици за земјата, а ги прекршува и санкциите што ЕУ и ги воведе на Русија поради војната во Украина, покажа анализата на бугарските власти.
Бугарија го задржа капацитетот на терминалите за течен гас во Грција и Турција, од каде ќе може да добива алтернативни испораки.
Повеќето европски земји исто така не планираат да плаќаат во рубљи, а веќе има докази дека Русија го вратила плаќањето во Берлин, но гасот за Германија не е стопиран.
Во меѓувреме, Украина од денеска (11 мај) суспендира 1/3 од транзитот кон Европа. Компанијата за пренос на гас соопшти дека испораките на „Газпром“ се пренасочуваат од сепаратистите во два од регионите поддржани од Русија на исток, објави Ројтерс.
Сепак, компанијата не дава докази за овие дејствија.
„ГТС Украина“ инсистира „Газпром“ да го пренасочи протокот преку друга влезна точка, но руската компанија појаснува дека тоа не е можно од технички причини.