Украинските војници протерани од градот Рубежно во Донбас се практично блокирани во фабриката „Зарја“, изјави денеска за новинарите помошникот на чеченскиот лидер за армијата Апти Алаудинов.
– Во суштина, сите овие денови бевме зафатени со блокирање на фабриката Зарја. Имавме задача да ги расчистиме упориштата и контролните пунктови од левото крило на фабриката Зарја до Кудрјашовка, за да не го оставиме непријателот зад себе. Оваа задача веќе ја завршивме, нашите сили и ресурси практично ја блокираа фабриката Зарја – прецизира Алаудинов, пренесува „Спутник“.
Тој посочи дека оваа операција е изведена заедно со силите на самопрогласената Луганска народна република и дека сега Народната милиција на Народна Република Луганск и специјалните сили „Ахмат“ на Чеченската Република стигнале до с. Воеводовка.