Чеферин: Реал, Барса и Јувентус се уште можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште можат да бидат исклучени од Лигата на шампионите.

Трите екипи, кои беа меѓу основачите на Супер лигата се единствените кои се уште не ја напуштиле и јавно тврдат дека овој проект има иднина и ќе се реализира. Сепак, оваа одлука, нагласи Чеферин, не е негова, туку зависи од Дисциплинската комисија на централата.

Судот во Мадрид, до кој се жалеа трите клуба, на крајот ги укина ограничувањата и и даде зелено светло на УЕФА да ги санкционира доколку се донесе таква одлука.

„Одлуката секогаш може да се обжали кога ќе заврши процесот, но тогаш можеме да дејствуваме. Секој клуб може да биде казнет. Некои се сомневаат во ова, но грешат. Правилата се исти за сите. Верувале или не, сите клубови се третирани подеднакво, без разлика дали се од Словенија, мојата земја или некои од најголемите во фудбалот“.

Запрашан директно дали Реал Мадрид, Барселона и Јувентус може да бидат казнети, тој одговори – „Секако дека е можно, но ова е одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА, а таа е независна“, изјави Чеферин.

Слични содржини