Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека ќе дојде време кога ќе бидат можни мировни преговори за Украина, но додаде дека не очекува тоа да се случи во блиска иднина.
„Оваа војна нема да трае вечно. Ќе има време за мировни преговори“, рече Гутереш на заедничката прес-конференција со австрискиот претседател Александар ван дер Белен, пренесе „Ројтерс“.
„Никогаш нема да се откажеме од преговорите“, рече Гутереш.