Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека војната со Русија можеше да се спречи доколку Украина беше членка на пактот на НАТО пред почетокот на војната.
„Доколку Украина беше дел од НАТО пред војната, немаше да има конфликт“, изјави Зеленски на студентите од Универзитетот за наука По, пренесе „Ројтерс“.
Рускиот претседател Владимир Путин неколку пати изјави дека ризикот од влез на Украина во НАТО ја оправдува воената операција во Украина.