Лидерот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин денеска изјави дека во фабриката за челик Азовстал во Мариупол нема повеќе цивили.
„Според нашите информации, таму нема повеќе цивили, така што рацете повеќе не ни се врзани“, рекол Пушилин, пренесува ТАСС.
Во челичарницата Азовстал вчера беа заробени најмалку 100 цивили, како и ранети украински борци.