Бајден: Инфлацијата во САД е неприфатливо висока

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека инфлацијата во САД е „неприфатливо висока“ и дека нејзиното намалување е негов главен економски приоритет.

Во соопштението објавено од Белата куќа, тој рече дека е „уверен“ дека Федералните резерви (ФЕД) ќе ја завршат својата работа за да ја намалат рекордно високата инфлација, додавајќи дека неговата администрација изградила силна економија и силен пазар на труд.

„Мојот план за инфлација е фокусиран на намалување на трошоците со кои се соочуваат семејствата и намалување на федералниот дефицит“, додаде Бикден, цитиран од Анадолија.

Коментарите на Бајден дојдоа откако годишната потрошувачка инфлација во САД се зголеми за 8,3 отсто во април, според Министерството за труд.

Годишниот раст на потрошувачките цени беше 8,5 отсто во март, што е највисок раст од декември 1981 година.

ФЕД минатата недела ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, зголемувајќи ја стапката за 25 базични поени во март.

Иако монетарното затегнување на ФЕД има за цел да ги намали инфлаторните притисоци, тоа предизвика страв од економска рецесија.

Слични содржини