Во културата кај Албанците има нула инвестиции. Не може Охридскиот рамковен договор да ни биде прв збор во секој разговор, а да ги третираме тие што го донеле да го третираме двојно. Децата на бранителите имаат право бесплатно да студираат на Тетовскиот универзитет, а децата на борците од УЧК кои се залагаа за легализација на истиот тој Универзитет го немаат тоа право, вели Села и додава дека заслугите не се на Ахмети туку на оние кои си го дадоа животот за таа работа, вели во Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците за Утрински брифинг.
За Села Ахмети е класичен манипулатор .
-ДУИ сака по секоја цена да биде на власт. ДУИ владее 20 години и ниеден не лежел затвор за малверзации. Зошто? Затоа што го имаат зафатено цело судство и вршат контрола врз судството, вели Села и додава дека концептот е да се богати партијата, а тоа веќе го видовме со Груевски и палатите и богатството. – Јас се надевам дека и Ахмети еден ден ќе заврши како Груевски, вели Села.