Џонсон не верува дека односите со Путин може да се нормализираат

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не верува дека е можно односите со Владимир Путин да се „нормализираат“. Запрашан дали е можно во иднина да се нормализираат односите со рускиот претседател, Џонсон во интервју за радио ЛБЦ изјави: „Мислам дека сега ќе биде многу тешко Путин да се покае. Ништо не е невозможно, но сега едноставно не можам да видам како можеме да ги обновиме односите со Путин“.

Тој го обвини Путин за „грубо кршење на човековите права и меѓународното право“.

„Тој е виновен за апсолутно варварски напад врз целосно невина земја. Нормализирањето на односите би било повторување на грешката што ја направивме во 2014 година“, рече Џонсон, мислејќи на одговорот на Западот откако Русија го анектираше Крим.

„A ако Украинците сега склучат некаков договор со Путин, постои ризик и тој да го направи истото, и тие го знаат тоа. Значи, накратко, одговорот е не. Нема повторна нормализација и Обединетото Кралство има многу јасен став за тоа“, рече Џонсон.

Слични содржини