Мицкоски за предлогот на Макрон: Не прифаќаме формирање нова унија која ќе биде супститут на ЕУ

од Nikola Popovski
204 прегледи

На прашање за коментар околу предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде супститут на ЕУ за кој Владата кажа дека е одлична идеја, лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски одговори дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ и каква егзибиција како што е изјава на Владата не е решение.

Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.

„Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои“ истакна Мицкоски.