„Блиц“: СПЦ и МПЦ ќе се смират после половина век на 15-ти мај

од Nikola Popovski
322 прегледи

За одлуката на патријархот Вартоломеј и Вселенската патријаршија, која ја призна Македонската православна црква како „Охридска архиепископија“, ќе се расправа на Собранието на СПЦ, кое почнува на 15 мај, а има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка“ и да дојде до канонско единство, пишува српски „Блиц“ за наводно помирување меѓу СПЦ и МПЦ после повеќе од половина век.

Дали тоа „канонско единство“ подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ, додаваат од „Блиц“.

На таа одлука, доколку Собранието се согласи со неа, и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност.

-Можно е овој месец на мајскиот собор на СПЦ во Белград, МПЦ, односно Охридската архиепископија да се врати на канонско единство со СПЦ и со тоа да го реши расколот од 1967 година. Деновиве како дел од Синодот на СПЦ, бев придружуван од Неговата Светост. Првиот ден имавме средба со претставници на Македонската православна црква во Нишката епархија. Тоа е интересен дијалог на љубов, верба и надеж и се надеваме дека ако даде Бог ќе има единство, но прво да се молиме сите на Бога. Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија, на овогодинешното заседание на Парламентот во Белград во мај ќе се врати на канонско единство со Српската православна црква, а со тоа и на канонско единство со сите помесни православни цркви, изјавил зворничко-тузланскиот владика Фотиј на 6 мај.

Официјално СПЦ се уште не се огласи после одлуката на Цариградската патријаршија да ја прогласи МПЦ за канонска.

Слични содржини