Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук тврди дека Турција се согласила да посредува во преговорите за евакуација на припадниците на украинските сили, пред се тешко ранетите, од фабриката Азовстал во Мариупол.
Верешчук рече дека Украина сака да потпише документ за тоа како точно ќе се одвива евакуацијата од Азовстал и да се подготви за потпишување, пренесува РИА Новости.
Станува збор за евакуација на тешко ранетите, а Турција е подготвена да стане посредник во тие преговори.