258
Пратениците денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се очекува да достават предлози за нови уставни судии кои би ги пополниле испразнетите четири места во Уставниот суд.
Закажувањето на оваа седница доаѓа откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисија, пратеничката Марија Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња. Своите предлози тие ќе ги изнесат на самата седница.
За претпладнево е закажана седница на ова собраниско тело на чиј дневен ред е утврдување на предлозите.