Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 10 отсто

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 10 отсто до 30.000 долари денеска

Вредноста на биткоинот, најважната криптовалута, почна да расте откако во четвртокот беше помалку од 27.000 долари поради паничната продажба на инвеститорите.

Претходната најниска вредност беше забележана на 28 декември 2020 година, кога изнесуваше 26.144 долари.

Најпопуларната криптовалута во светот изгуби 55 отсто од својата вредност за само шест месеци, откако го достигна својот историски максимум од 69.000 долари во ноември.

Вкупната вредност на крипто-пазарот во периодот на пишување на материјалот беше 1,31 трилиони долари.

Слични содржини