Зенит, Динамо (Москва), Сочи и ЦСКА (Москва) поднесоа жалба до Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана против одлуката на УЕФА да ги отстрани руските клубови од европските клупски турнири.
„Ве информираме дека нашиот клуб, како и три други клубови од руската Премиер лига – Зенит, Динамо и Сочи – поднесоа жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана против одлуката на УЕФА од 2 мај 2022 година за отстранување на руските клубови од Европски турнири“, соопшти ЦСКА (Москва).
„Сите клубови сакаат брзо разгледување на жалбата. Се надеваме дека ќе се почитува спортскиот принцип. ЦСКА се стреми да игра на европските турнири и до самиот крај ќе се бори за наградите во првенството. Поднесувањето на тужба пред крајот на сезоната е поврзано со кратките рокови за жалба на одредени одлуки на УЕФА – 10 календарски дена“, соопштија од прес-службата на ЦСКА на клупската веб-страница.
На 2 мај, УЕФА одлучи да ги отстрани руските клубови и репрезентации од меѓународниот календар за сезоната 2022/2023. Следната сезона руските тимови нема да можат да учествуваат на европските турнири, Лигата на нации, Европското првенство до 21 година, ЕП 2022 за жени, како и во квалификациите за Светското првенство за жени 2023 година.