Tesla полета и удри во зграда со над 100 км/ч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Ново видео на Јутјуб прикажува застрашувачки момент кога електричен автомобил Tesla со голема брзина поминува на црвено светло, прескокнува рабници, прелетува неколку скали и удира во стаклената фасада на зграда во Колумбус, Охајо.

Tesla Model S произведен во 2020 година заврши во сала за состаноци во Greater Columbus Convention Center, информира Columbus Dispatch.

Се проценува дека автомобилот се движел со околу 70 милји на час (112 км/ч).

Франц Жил (63), кој бил зад воланот, бил пренесен во болница на преглед. Нема други жртви.

Жил на полицијата и рекол дека изгубил контрола над сопирачките и не успеал да ја намали брзината. Сепак, според сведок на несреќата, автомобилот забрзал за да избегне црвено светло.

Џулс е обвинет дека изгубил контрола над автомобилот, а американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот ја истражува несреќата.

Несреќата ја оштетила зградата во вредност од 250.000 и 300.000 долари, според WBNS.