ВМРО-ДПМНЕ дознале за истрага која ја иницирала УЈП па се мачат да ја претстават како афера, велат од СДСМ

од Берта Китинска
276 прегледи

Очајна е тактиката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, дознале информации за актуелна истрага за незаконитости кои ги открила УЈП и со шпекулации се мачат да ја претстават како афера, велат од СДСМ.

-Нема афера туку утврдено незаконско работење кое УЈП го откила уште во јуни 2021 година и сите документи, докази и материјали се доставени до надлежни институции. Предметот е веќе во предистражна постапка.ВМРО-ДПМНЕ на овој начин прави штета на самата постапка и се обидува да го поткопа функционирањето на институциите. Но, и тоа нема да успее, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека преку малверзации со ДДВ оштетен е буџетот 20-30 милиони евра.

-Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра. Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши, посочуваат од опозицијата.

Слични содржини