Состојки:
(за 4 лица)
– 500 гр мелено пилешко (бело месо)
– 1 кромид
– 3 чешниња лук
– 2 моркова
– 200 гр чери домати
– 500 мл пире од домати
– 500 гр тестенини по желба
– сол, бибер, магдонос, босилек, ловоров лист
– Пармезан за посипување по желба.
* Наместо мелено бело пилешко месо, можете да користите и мисиркино месо
Подготовка:
Сварете ги тестенините и оставете ги на страна. Зачувајте 200 мл вода во која се сварени.
На загреано масло пржете ситно исечканиот кромид и морков. Додадете сол и прстофат шеќер додека се динстаат.
Додадете мелено пилешко бело месо, испасираниот лук, сечканите чери домати, сол и бибер и продолжете со динстање.
Откако месото ќе добие убава боја, а лукот ќе остави мирис, истурете ги сите пасирани домати и додадете половина од водата од варењето на тестенините, па магдоносот, босилекот и ловоровиот лист.
Намалете ја топлината и оставете полека да се крчка. Мешајте повремено.
По 15 минути крчкање, во сосот додајте ги тестенините и преостанатата половина од водата во која се варени. Добро промешајте.
Се трга од шпорет и се остава неколку минути тестенините да ги впијат сите зачини.
Послужете топло посипано со рендан пармезан.