334
Русија тргнува од претседателскиот декрет за евакуација од индустриската локација Азовстал, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги наводите на вицепремиерот на Украина, кој рече дека Киев е подготвен да го потпише декретот за процедурата.
„Ги следевме упатствата издадени од нашиот претседател (Владимир Путин), кој рече дека сите цивили можат да ја напуштат фабриката во која било насока и тие беа спроведени“, рече портпаролот на Кремљ, пренесе ТАСС.
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук изјави дека Турција се согласила да посредува во преговорите за евакуација на припадниците на украинските сили, пред се тешко ранетите, од фабриката Азовстал во Мариупол.