Новинари на „Russia Today“ повредени во украинско гранатирање на Доњецк

од Nikola Popovski
319 прегледи

Новинарска екипа од „Рussia Today“ денеска се нашла под артилериски оган на украинските сили во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), пренесува Танјуг.

Екипата на „RT“ предводена од репортерот Валентин Горшенин била погодена денеска за време на украинскиот ракетен напад во близина на градот Докучаевск во Доњецката Народна Република, јави токму „RT“.

Двајца сниматели, Владимир Баталин и Виктор Мирошников, се здобиле со рани од шрапнели и итно биле пренесени во локалната болница. Самиот Горшенин не бил повреден пригранатирањето.

Слични содржини