Бектеши: Работа во недела по туристички места, беше барање особено од Мерко

од Берта Китинска
251 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.

-Тоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации, рече Бектеши.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не се согласува да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.

-Со законските измени, ССМ и социјалните партнери обезбедија можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови утврдени со закон да работат, предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, а предвидена е и можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и слично работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците. Заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела не смее да им се ускрати таквото право и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат, велат од ССМ.

На овој начин, според Синдикатот, покриени се сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги. Од ССМ потсетуваат дека оние работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100 проценти за секој час поминат на работа, како и право на неделен одмор во друг ден од неделата.

Слични содржини