Заедничка акција на Општина Центар и Град Скопје – собрани 105 кубни метри кабаст отпад, се расчистува и депонија под Кале

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Пролетната работна акција на Град Скопје со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Центар, успешно се спроведе на целата територија на оваа општина, соопштија од Градот.

Од почетокот на работната акцијата за чистење на општината Центар во специјалните садови, што на пет локации ги постави ЈП Комунална хигиена, досега се одложени околу 105 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од екипите на претпријатието. Екипите на ЈП Комунална хигиена секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја булеварите, улиците, сите автобуски постојки, а извршија и дезинфекција на надземните и на подземните контејнери поставени во оваа општина.

Во рамките на акција за генерално чистење на општината Центар, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа да отстрануваат и обемна дива депонија лоцирана под Скопското кале, се додава во соопштението.

Слични содржини