Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и Финска во НАТО, но сака преговори со двете скандинавски земји и сузбивање на, како што смета, терористичките активности, особено во Стокхолм, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
„Не ја затворивме вратата, но всушност го покренуваме ова прашање како прашање од важност за националната безбедност на Турција“, изјави Калин, главен советник за надворешна политика на Ердоган, за Ројтерс.
Турскиот претседател ги изненади членките на НАТО и двете нордиски земји кои бараат прием во Северноатлантската алијанса, велејќи вчера дека не е можно Турција да го поддржи проширувањето на алијансата бидејќи Финска и Шведска се „земји домаќини на многу терористички организации“.