Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска гостувајќи на ТВ Прва изјави дека во наредниот период нема да има доволно храна.
Коментирајќи ја изјавата на германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, дека Косово ја има поддршката од Германија за членство во Советот на Европа, Вучиќ рече дека е подобро одредени работи да се премолчат.
„Треба да размислиме дали ќе имаме доволно бензин, јаглен, гас… Дали ќе можеме да преживееме. Претстојната зима ќе биде најтешка на планетата во последните 70 години. Проблемот е што никој не сака да слушне никого освен нивниот навивачки став. Она што е сигурно е дека ќе има недостаток на храна. Извори на енергија има доволно, но поради лудата политика од сите страни, тие нема да бидат достапни. Не затоа што нема доволно. Сепак, нема да има доволно храна и сега тоа ви го кажувам со сигурност“, рече тој.
Вучиќ додаде дека 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб.
„Откако Индија го забрани извозот на пченица, цената скокна. Има многу проблеми. Русија го забрани извозот… Сите работи мора да се гледаат заедно, а не изолирано. Не се однесувајте како ништо да не се случува околу нас. Ние имаме услови на речиси објавена светска војна и светски конфликт. Треба да се има предвид дека годинава трошиме речиси 50 отсто повеќе бензин од лани“, рече тој.