Проектот Симбиозис отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи започна со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ туку ќе го преработува, и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини, со поддршка од европските ИПА програми, пишува вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехрамбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување на соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикне претприемништвото“, вели тој.