Француската автомобилска компанија „Рено“ ќе го продаде својот мнозински удел во руската компанија „АвтоВАЗ“ на руски научен институт, соопштија денеска од компанијата, наведувајќи дека договорот подразбира шестгодишна опција за откупување на тој удел.
Рено е западниот производител на автомобили кој е најзастапен на рускиот пазар и поседува 67,69 отсто од сопственоста на „АвтоВАЗ“, кој ќе биде продаден на рускиот централен институт за истражување и развој за автомобили и мотоцикли, наречен „Нами“, пренесува Ројтерс.
Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека рускиот удел во групацијата „Рено“ станува сопственост на државата и владата на Москва Се наведува дека „АвтоВАЗ“ ќе врши сервисно одржување на автомобилите „Рено“ во Русија, пренесе РИА Новости.