Турција: Не би било добро да бидеме рестриктивни кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Турција мора да одржи деликатна дипломатска рамнотежа по руската инвазија на Украина за да остане во позиција да помогне да се стави крај на војната преку преговори, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Калин, кој е и главен советник за надворешна политика на Ердоган, изјави за „Ројтерс“ дека иако Анкара ја критикуваше инвазијата на Москва на 24 февруари и акциите на бојното поле, не би било добро да се заземе рестриктивен став против Русија, пренесува „Ројтерс“.

Турција, членка на НАТО и црноморски сосед на завојуваните земји, има добри врски со двете земји и се спротивстави на санкциите на Западот кон Москва.

Слични содржини