Западните санкции блокирале извоз на Белорусија во вредност од 16 до 18 милијарди долари

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Западните санкции воведени кон Белорусија го блокираа годишниот извоз на земјата во вредност од 16 до 18 милијарди долари, изјави белорускиот премиер Роман Головченко.

„Поради санкциите блокиран е речиси целиот извоз на Белорусија во земјите од Европската унија и Северна Америка. Тоа се околу 16 до 18 милијарди долари годишно“, изјави Головченко доцна синоќа во интервју за ТВ станицата Ал Арабија од Дубаи, пренесе белоруската новинска агенција Белта, цитирана од Ројтерс.

Западните земји воведоа санкции кон Русија и Белорусија откако Москва започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари.

Слични содржини