Кортни Кардашијан повторно се омажи за Тревис Баркер, а ќе се омажи и трет пат

од Stefanija Kuzmanovska
433 прегледи

Старлетата Кортни Кардашијан повторно се омажи за тапанарот Тревис Баркер, а ова е втор од планираните три пати! Парот ги изненади сите со пијана свадба во Лас Вегас, по што беше најавен голем спектакл во Италија закажан за ова лето.

Кортни (42) и Тревис (46) заминаа во неделата и уште еднаш се венчаа во општина Санта Барбара. Кортни носеше бел фустан, а Тревис црн костум. Тие беа придружувани од нејзината баба и неговиот татко, додека познатите сестри на Кортни – Клои, Ким, Кајли и Кендал не беа на повидок.

Ова е прв брак на Кардашијан, има три деца од врската со Скот Дисик, а претходно изјави дека би сакала со Тревис да има барем едно. Тапанарот од бракот со Шејн Муклер има две деца.

Кортни го започна и процесот на ин витро оплодување и неодамна зборуваше за тоа колку е тешко, но не губи надеж дека ќе добие четврто дете.

Слични содржини