ЕК во среда предлага нов пакет финансиска помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија во среда треба да предложи нов пакет финансиска помош за Украина, вклучително и нови заеми за обезбедување на Киев со тековната ликвидност и обврски за долгорочно финансирање на обновата на земјата, изјавија официјални лица.

Обемот на краткорочната финансиска поддршка сè уште се дефинира, но двајца функционери изјавија за „Ројтерс“ дека очекуваат таа грубо да ги покрие финансиските потреби на Украина за два месеца, главно преку заеми.

Степенот на поддршката на ЕУ ќе зависи од тоа колку се подготвени земјите од Г7 да придонесат.

Слични содржини