Опозициската ВМРО-ДПМНЕ планира на следните листи за пратеници да има и кандидати Албанци. Лидерот на пратијата Христијан Мицкоски вели дека е во контакт со Албанци и потенцијални кандидати од други етнички заедници. Тој потенцира дека ВМРО на следните избори цели да освои најмалку 61 пратеник, а приоритет за партнерство ќе има албанската опозиција.
За политичкиот аналитичар и поранешен пратеник ,Исмет Рамадани оваа најава е добра, но сепак е проѕирна и демагошка која многу тешко би можела да помине кај Албанците.
-Мицкоски многу често си вежба таква реторика, наводно би предложил премиер Албанец, по негов избор, како да заборава дека Албанците му ги читаат само мислите што не ги кажува гласно.Албанците не се на ниво на мислење да немаат одговор за неговите ,,мајтап’’ игри со зборови. Мицкоски знае зошто го прави тоа,човекот е премногу притиснат да ја спасува неговата дружина од словото на правдата, појаснува поранешниот политичар.
За тоа колку ВМРО-ДПМНЕ има коалициски потенцијал со албанските партии, откако нивниот обид да направи Влада со Алтернатива, Алијанса за Албанците и со БЕСА не успеа во минатото…според Рамадани партијата на Мицкоски грчевиот се бори да направи некаква коалиција за да дојде на власт.
– ВМРО-ДПМНЕ за да не согорува во желбата да се врати на власт,грчевито се бори да направи некаква коалиција со некоја од албснските партии во опозиција.Тоа даде некакви резултати на локалните избори.Но,не треба да заборавиме дека коалициониот капацитет на парламентарни избори се диктира од стратешки и геополитички аташеа.Во тој дел разликите со албанските партии се евидентни и тешко премостливи.Партијата на Мицкоски, односно на Груевски, ќе мора јасно да се определи за Рамковниот договор,Преспанскиот договор,пристапот кон договорот со Бугарија и евроатлантските вредности.Ако ја додадеме и Левица како нивен партнер,тогаш уште по тешко ќе биде да се коалицира со албански партии.Впрочем таков обид имаше, но видовме како заврши, подвлекув тој.
На прашањето за тоа дали може да се случи повторување од 2016-та, кога ВМРО-ДПМНЕ не успеа да направи Влада поради одбивањето на ДУИ да продолжи со нив, аналитичарот вели дека постои можност истото сценарио да се повтори на следните избори.
-Постојат реални шанси такво нешто да се повтори. Повикот да се оди на предвремени избори и да се освојат 61 пратеници е порака до Албанците да се мобилизираат во одбивање на коалиција со ВМРО и Левица.Тоа ќе води кон враќање на затегнати меѓуетнички односи, смета поранешниот пратеник.
Рамадани смета дека во време кога се води војна во Украина, со веќе видвливи последици во Европа, регионот и кај нас, да се протестира со блокади во Собрание и на улици е најлошото што може да и се случи на една опозициона партија.
-Ретко или никаде немаме ваков пример и тоа за што,за предизвикување на предвремени избори.Вакво нешто се толкува дека може да потоне се што значи обид да се справиме со безбедносна, економска и енергетска криза,ако ние не сме на власт.Каква иронија за една партија која после неколку години можно е пак да дојде на власт.Верувам дека нашите стратешки пријатели им укажуваат ,но тие за жал се прават дека не го разбираат тој дипломатски јазик.Така и во 2016 та беа заслепени за власт со безвластие, а западниот свет и албанските партии ги оставија таму каде се и сега.Да не зборам до толку конспиративен, некој убедливо ги лаже за да бидат толку наивни и ирационални и кога се ни е јасно што се случува до нас и малку по далеку.Да ја сакаш а да не знаеш како, својата земја, навистина е жалосно и наивно, појаснува тој.
Б.М.